27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПатот Маврово-Дебар повторно блокиран, нова лавина кај „Бигорски“

Патот Маврово-Дебар повторно блокиран, нова лавина кај „Бигорски“

Утринава, околу 5 часот, се урна нова лавина на патот Дебар- Маврово, во близина на манастирот „Свети Јован Бигорски“. Сообраќајот е во прекин во двата правци, изјави за „Макфакс“ раководителот на пунктот на ЈП „Македонија пат“ во Дебар, Деар Лимановски.

Тој рече дека во текот на ноќта бил расчистен дел од лавината што вчера го блокираше патот, но новата лавина која е многу поголема од вчерашната целосно го блокирала овој патен правец.

Екипите на „Македонија пат“ започнаа да ја расчистуваат лавината од двете страни, со зајакната механизација. Градоначалникот на општина Маврово-Ростуше, Медат Куртовски, изјави дека информирани се сите институции за состојбата на теренот со блокираниот пат. Транспортните претпријатија кои вршат превоз на патници од Дебар и општина Маврово-Ростуше денеска вршат транспорт по заобиколен пат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП