27 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНезаборавно луксузно искуство во срцето на Амстердам (фото)

Незаборавно луксузно искуство во срцето на Амстердам (фото)

Сместен во самото срце на плоштадот Дам, прекрасниот TwentySeven Hotel Amsterdam ги дочекува гостите од целиот свет, како засолниште исполнето со вонвременска елеганција.

Овој уникатен хотел се наоѓа во поранешна индустриска зграда, а го осмислил Ерик Торен, некогашниот Европски хотелиер на годината, кој собрал тим од експерти кои заедно го креираа ова искуство од соништата.

Наградуваните дизајнери, шефот Паскл Џалхеј со Мишелин ѕвезда и сомелиер од светската класа се одговорни за неверојатната атмосфера и сите услуги кои ги нуди овој хотел. Вниманието посветено на деталите може да се забележи на секое парче кое е составен дел од хотелот.

Во овој хотел, има само шеснаесет неверојатни апартмани во понудата, тие се од пространиот Јуниор апартман, до екстравагантниот Rooftop Stage апартман. Без оглед кој од нив ќе го одберете, знајте дека во ентериерот ве очекува бања од италијански мермер, модерни погодности, прекрасен бар и винска кабина, како и прилагодливо, амбиентално осветлување. Верувајте дека фотографиите од галеријата прикажуваат само делче од атмосферата која е овде во понудата.

Ако огладните, главниот готвач Паскал Џалхеј, најмладиот готвач во Холандија со две Мишелин ѕвезди, управува со ресторанот Boungainville, кој нуди неверојатни гастрономски погодности, фокусирани на уникатното a la carte menu, креирано од најпрефинетите состојки. Сето тоа е проследено со панорамски поглед на градот. Овде навистина ќе доживеете неверојатни спомени, на кои со радост ќе се сеќавате.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП