27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПо новата A Сlasѕ уште 7 компактни Mercedes возила

По новата A Сlasѕ уште 7 компактни Mercedes возила

На почетокот на февруари „Mercedes“ ја претстави новата генерација на хечбекот „A Сlasѕ“, a по него ќе следат барем уште 7 модели кои припаѓат на сегментот компактни возила, пишува „CarAdvice“.

Тоа во разговор со новинарите на презентацијата на „A Сlasѕ“ го откри шефот за дизајн на германскиот производител, Горден Вагенер.

„На оваа механичка платформа ќе бидат направени најмалку осум модели и ве уверувам дека сите ќе биде исклучително атрактивни“, рече Вагенер.

Со оглед дека во рамките на се уште актуелните генерации на компактни „Mercedes“ возила постојат вкупно 5 модели („A Сlasѕ“ хечбек, купе лимузината „CLA“ и „Shooting Brake“, „GLA“ кросоверот и „B Сlasѕ MPV“) се поставува прашањето кои се тие нови модели на кои мисли Горден Вагенер.

Познато е дека еденод нив ќе биде целосно нов модел – „Mercedes A Сlasѕ Sedan“, кој би требало да има премиера во 2018-та.

Извесни се и новата купе лимузина „CLA“, кросоверот „GLA“, како и следната генерација на „B Сlasѕ MPV“.

Најавен е и нов кросовер со ознаката „GLB“, чии „шпионски“ фотографии можевме неодамна да ги видиме. „GLB“ ќе биде попрактичен и попростран од „GLA,“ кој е малку повисок од хечбекот „A Сlasѕ“ со поголем „клиренс“.

За останатите два компактни модели се уште се шпекулира.

„Mercedes CLA“ моментално е достапен и во „Shooting Brake“ верзија, па постои можност и во следната генерација оваа каросериска верзија да се најде во понудата. Сепак, со оглед на тоа дека поголемиот „CLS“ остана без моделот „Shooting Brake“, слична судбина би можела да му се случи и на моделот „CLA Shooting Brake“.

Се шпекулира дека „Mercedes“ би можел да понуди и класичен караван основан на „A Сlasѕ Sedan“, a многу е веројатно германскиот производител, барем за кинескиот пазар моделот „A Сlasѕ Sedan“ да го направи со продолжено меѓуосовинско растојание.

Евентуалните купе и кабриолет верзии засега не се споменуваат како опција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП