26 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАВи носи ли вашиот бизнис солидни приходи?

Ви носи ли вашиот бизнис солидни приходи?

Ако не можете да однесете дома солидна плата, време е да погледнете што не е во ред со вашиот бизнис.

Следуваат неколку знаци за проверка:

1. Вие би можеле да заработите повеќе ако работите за некој друг

Ако не заработувате повеќе отколку што би требало, се изложувате на дополнителна одговорност и ризик. Кога ќе работите за некој друг, вие тогаш вашата плата ја користите за вас, но доколу имате свој бизнис вкупната заработка не можете комплетно да ја присвоите бидејќи треба да ги покриете месечните сметки, трошоци и сл. Затоа кога имате свој бизнис треба да заработите повеќе од доволно за да можете да заработите некој денар плус. Затоа преметајте дали по сите платени трошоци сумата која ќе ја земете за вас е поголема од онаа која би ја земале доколу би работеле за друг.

2. Не гледате стабилно подобрување

Ако вашиот бизнис не ви носи доволно приходи, онолку колку што би сакале да имате денес, дали можете да видите знаци кои ви покажуваат дека ќе заработувате повеќе во блиска иднина?

Доколку си велите: „ Јас го направив сето она што треба, и не разбирам зошто повеќе клиенти не доаѓаат “, имате проблем.

3. Вие не знаете како финансиски му оди на вашиот бизнис

Еве еден едноставен тест: Ако некој седне со вас и ви постави серија прашања во врска со приходите на вашата компанија, трошоци, и профит (или загуба) за претходниот месец, квартал, и година, можете ли да одговорите во рок од неколку минути, со користење на вашиот сметководствен софтвер? Доколку одговорот е не, не знаете доволно за вашиот сопствен бизнис.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП