26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЉупчо Јаневски е новиот директор на Агенцијата за промоција на туризмот

Љупчо Јаневски е новиот директор на Агенцијата за промоција на туризмот

Владата вчера го назначи Љупчо Јаневски за в.д. директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

Претходниот директор Александар Донев беше разрешен пред една недела по скандалот со скапиот авионски билет за службено патување во Аргентина. Донев изјави дека има намера парите да ги донира за опремување соба за лица со посебни потреби.

Авионскиот билет до Аргентина во бизнис-класа што го платил Донев бил 30 отсто поскап од оној во економската класа, односно економска класа чинела околу 180.000 денари, а во бизнис околу 220.000 денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП