26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМирисот на парите: Сируп во доларите?

Мирисот на парите: Сируп во доларите?

canadiandolar1

По пуштањето во оптек на новите пластични долари многумина Канаѓани ја запрашаа Државната банка во Канада, дали при изработката на полимерните (пластифицирани) долари користеле јаворов сируп.

Митот за мирисот на јаворовиот сируп во канадските банкноти настанал во ноември 2011 година, набрзо по пуштањето во оптек на првите полимерни банкноти од 100 долари.

Приказната е толку распространета што клиентите дури се жалат и кај банкарските службеници „дека на банкнотите им изветреал мирисот“.

„Банкнотите по некое време го загубија мирисот. Јас и предлагам на централната банка да ја зголеми количината на јаворов сируп во нив“, се вели во едно писмо упатено до претставниците на Банката на Канада.

Без голем успех, Банката на Канада повеќе пати ја демантираше приказната дека при изработка на новите полимерни банкноти е користен јаворов сируп или било кој друг мирис.

Јаворовиот сируп се добива со цедење на слаткиот сок од јаворовото стебло. Во Канада се произведуваат 85 проценти од светското производство на јаворов сируп.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП