26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБерзите во Тирана и Истанбул потпишаа договор за соработка

Берзите во Тирана и Истанбул потпишаа договор за соработка

ista

Берзите во Тирана и во Истанбул потпишаа договор за соработка во присуство на албанскиот премиер Сали Бериша, на економскиот форум во албанската престолнина, посветен на енергетиката, пренесе БТА.

– Договорот ќе го искористи слободниот капитал на албанските претприемачи. Убеден сум дека тоа е најсигурниот начин за инвестиции, рече Бериша.

Албанскиот премиер истакна дека последните години биле најдобри во историјата на земјата во однос на енергетиката, и покрај тешкотиите во економијата.

Тој истакна дека во тој сектор се потпишани договори со различни земји за изградба на хидроцентрали во Албанија и додаде дека досега во земјата се изградени 53 централи, а десетици други се при крај со изградбата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП