27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВремето денес облачно со наместа повремени врнежи од дожд

Времето денес облачно со наместа повремени врнежи од дожд

Времето денеска претежно облачно, попладне со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини со снег. Во ноќните часови врнежите ќе престанат.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен, а кон крајот на денот од северозападен правец. Температурата ќе достигне од 5 до 12 степени. Во Скопје променливо облачно, попладне со повремен дожд. Кон крајот на денот ќе дува умерен северозападен ветер. Температурата ќе достигне 9 степени.

Од УХМР информираат дека утре ќе преовладува облачно и постудено време, околу пладне и попладне со повремени врнежи од дожд, а на планините со снег.

Повеќе врнежи ќе има во западните делови, а во вечерните часови врнежите ќе се поместат на исток. Поради нагло заладување проследено со засилен северен ветер, кон крајот на денот врнежите ќе поминуваат во снег и на повисоките места, а во текот на ноќта провејување на снег е можно понекаде и во пониските делови на крајниот север и на крајниот исток од земјава.

Во понеделник наутро се уште ќе има провејување на снег во северните и источните делови, а преку денот ќе биде суво, студено и ветровито со силен северен ветер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП