8 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGoogle го подготвува Android Pi (Pie)

Google го подготвува Android Pi (Pie)

Следната голема верзија на „Android“ оперативниот систем би можела да се вика „Pi“, или уште поверојатно „Pie“ – како пита, бидејќи „Google“ има навика „Android“ верзиите ги нарекува по слатки, па само досега ги имавме „Cupcake“, „Donut“, „Eclair“, „Froyo“, „Gingerbread“, „Honeycomb“, „Ice Cream Sandwich“, „Jelly Bean“, „KitKat“, „Lollipop“, „Marshmallow“, „Nougat“, какои и претходниот „Oreo“.

Деталите за новата верзија на „Android“ оперативниот систем забележани се во рамките на „Android Open Source“ проектот, па се чини дека станува збор за работно име за нова верзија. „Google“ има навика намерно да пушта некои информации од следната верзија на оперативниот систем. „Android 9.0“ се очекува оваа година, а како наслендик на претходната „Oreo“ верзија, па е „P“ е интересна трага во игра за погодување на новото име, тоа може да укаже на некоја фамилија на пита, а која би се вклопила во новото лого – како пита од тиква, која има фина портокалова нијанса – затоа што бојата на овошјето е главна состојка на оваа слатка, па ќе внесе промена во однос на темно-кафеавата „Oreo“ верзија.

Новата верзија вообичаено ќе биде лансирана во октомври, а прашање е дали тогаш ќе се случи, бидејќи и „Oreo“ се користи на само 1 процент од уредите. Па така најпопуларен се уште е „Nougat“, кој го има на една четвртина од „Android“ уредите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП