26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИEmirates го спасува Airbus A380

Emirates го спасува Airbus A380

Иднината на најголемиот патнички авион во светот – „А380“, барем засега ќе биде загарантирана. Авиокомпанијата од Дубаи, „Emirates“ објави дека ќе нарача 36 машини од моделот.

Претходно производителот „Airbus“ изјави дека без сериозна нарачка иднината на „A380“ по десет години развој е ставена под знак прашање. Станува збор за 20 нарачки и уште 16 опции. Преговорите беа започнати на крајот од минатата година, но беа во застој.

Новата цена на нарачката е 16 милијарди долари, но големите попусти се вообичаени за големи нарачки. Со оглед на слабата побарувачка во моментов на огромните авиони договорот во пракса значи спасување на моделот, за чие запирање на производството јавно се шпекулира со месеци.

„Airbus“ изрази верување дека „A380“ е „наменет за ера далеку над следната деценија“. Концернот очекува дополнителни нарачки, појаснува директорот за продажба Џон Лихи. Неодамна тој изјави дека без договор со „Emirates“ програмата за „A380“ треба да биде прекината.

Минатата година „Airbus“ не доби нарачки за „А380“, но мораше да прифати две откажувања. Од вкупно 317 продадени летала од „A380“ веќе се доставени 222, од кои 101 се само за „Emirates“ – најголемиот клиент на „A380“ со вкупно 142 машини. Листата на нарачки за „A380“ се намалила само на 95 авиони, од кои 46 се сметаат за небезбедни. Затоа „Airbus“ веќе го намали производството.

„Airbus“ доби сертификат за превоз на 853 патници. Ова е, исто така, максималниот број на патници кои можат да патуваат во авион во економска класа. Основната конфигурација која „Airbus“ ја избира е 525 патници – 10 во прва класа, 76 во бизнис класа и 439 во економска класа. Некои авиокомпании преферираат патнички салон да е со различна конфигурација („Korean Air“ располага со авион со конфигурација за 407 патници, „Air Austral“ располага со конфигурација за 840 патници).

Многу авиокомпании во меѓувреме се откажуваат од огромните машини со четири мотори и преферираат помали и модерни авиони за долги дестинации кои се поволни за сервисирање со два мотори. Тие ги вклучуваат „Boeing 787 Dreamliner“ и „Airbus A350“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП