26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕШто добива телото од сувото грозје

Што добива телото од сувото грозје

Сувото грозје може да го зголеми сексуалниот нагон, но и да помогне при срцевите проблеми, анемијата, камењата во бубрезите…

Сувото грозје можеби не изгледа спектакуларно, но здравствените предности кои ги овозможува се огромни. Содржи повеќе хранливи материи и минерли кои овозможуваат олеснување кај многу физички проблеми, вклучувајќи ги гастроинтестиналните тешкотии, артритис, камен во бубрезите, болести на срцето, анемија и сл. Ви претставуваме 6 здравствени придобивки од сувото грозје…

Го подобрува сексуалното здравје

Секојдневното консумирање на суво грозје го зголемува сексуалниот нагон. Тоа ја содржи аминокиселината аргинин која помага во зголемувањето на либидото, а со самото тоа и го подобрува сексуалниот живот.

Спречува рак

Сувото грозје овозможува заштита од рак на дебелото црево, бидејќи содржи полифенолен антиоксидант кој е наречен катехин. Тој го штити организмот од ширењето на слободните радикали кои се одговорни за раст на туморите.

Го подобрува варењето

Сувото грозје е многу богато со влакна и поради тоа помага при чистењето на дигестивниот тракт. Ги чисти токсините и другите штетни материи од гастроинтестиналниот тракт и го одржува здравјето на дигестивниот тракт.

Го подобрува здравјето на коските и забите

Сувото грозје помага во зајакнувањето на забите и коските, бидејќи содржи калциум во големи количини. Тоа содржи бор кој помага при апсорцијата на калциум и создавањето на коскена маса, што е исклучително корисно во превенција на коскените заболувања, како што е остеопорозата, особено кај жените во постменопауза.

Го снабдува телото со енергија

Сувото грозје е одличен извор на енергија и многу е корисно за спортистите. Тоа, исто така, им помага и на лицата кои сакаат да се здебелат. Сувото грозје содржи шеќери, како што се фруктозата и глукозата и им дава енергија на сите кои го консумираат.

Го подобрува имунитетот

Сувото грозје помага при апсорцијата на различни хранливи материи во организмот, вклучувајќи ги витамините и протеините. На тој начин, тоа во суштина го подобрува нашиот имунолошки систем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП