26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Струмица се врши пробно мерење на загаденоста, резултатите не се веродостојни

Во Струмица се врши пробно мерење на загаденоста, резултатите не се веродостојни

Во врска со информациите за енормното загадување во Струмица со ПМ10 честички, од оваа општина информираат дека мерната станица за загадување на воздухот во моментот е во пробна работа и затоа параметрите добиени во овој период не треба да се земаат предвид.

„Конкретно заради транспарентност и отчетност, а сè со цел заштита на животната средина, во соработка со Министерството за заштита на животната средина и просторно планирање на Република Македонија, инсталиравме мерна станица за мерење на загадувањето на воздухот. Мерната станица за загадување на воздухот во моментот е во пробна работа и затоа параметрите добиени во овој период треба да не се земаат предвид. По завршувањето на сите активности како што се баждарење и калибрирање на инструментите во самата мерна станица, ќе можеме со сигурност да ги следиме отчитувањата и да сме сигурни дека загадувањето на воздухот на територијата на Општина Струмица е на повисоко ниво од дозволеното“, велат од Општината.

Од анализите, велат од таму, е утврдено дека загадувањето на воздухот е највисоко во зимскиот период, а тоа произлегува од домаќинствата и одредени големи потрошувачи кои употребуваат несоодветни фосилни горива (иверка, стар мебел, моторни масла, прехранбено масло, пластика, гуми и други несоодветни горива) за загревање на просторните капацитети.

„Со цел да го заштитиме здравјето на граѓаните и овозможиме чист амбиентален воздух, во периодот зад нас го почнавме проектот за гасификација на Општина Струмица. Како пример, Општината ги гасифицираше сите институции“, велат од таму.

Локалната власт најави дека инспекциските служби засилено ќе го набљудуваат теренот и ќе вршат контроли.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП