26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБанкротот е единствената опција на еврозоната

Банкротот е единствената опција на еврозоната

evro1

Гувернерот на германската централна банка Бундесбанк, Јенс Вајдман, изјави дека земјите од еврозоната треба да го разгледааат банкротот како една од опциите.

„Во оваа криза, големо внимание посветивме на избегнувањето на ризиците од банкрот. Меѓутоа, тој ризик би требало да постои“, рече Вајдман, а пренесува Франс прес.

„На подолг рок, ние мораме да се обезбедиме дека во крајна линија некоја држава може да банкротира, а една таква можност е клучен елемент за да се задржи дисциплината на пазарите“, додава тој.

Економистите и експертите долго време беа загрижени околу таканаречениот „морален ризик“ од воспоставувањето на систем за спасување. Меѓутоа, таквиот систем покрај тоа што може да го смири пазарот, тој, исто така, би можел и да ги охрабри должниците и кредиторите на преземање поголем ризик, бидејќи очекуваат дека би можеле да бидат спасени.

Слабите банки принудија неколку членки на еврозоната да ги спасат своите кредитори, што предизвика зголемување на долгот на тие земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП