27 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕПрефинета вила во ексклузивниот дел на Колорадо (фото)

Префинета вила во ексклузивниот дел на Колорадо (фото)

Ексклузивниот дел „The Preserve“ во Колорадо е локација каде можете да ги видите врвно дизајнираните луксузни вили…

Една од нив сега е достапна за купување, со цена од 3,975 милиони долари. Таа е изградена пред само осум години, а има површина од околу 1.000 квадратни метри и се наоѓа на имот од 0,86 хектари. Во нејзиниот официјален опис стои дека таа е префинето ремек дело од цигла, со исклучителни архитектонски детали, беспрекорни финиши и неприкосновен квалитет, кој е комбиниран со совршениот дизајн.

Нејзиниот грандиозен влез со орнаментни двојни железни врати со детали од стакло и нејзината приватна тераса, како и детално декорираните патеки, камини, подови од дрво од костен и мермерните подови само придонесувааат за нејзиниот врвен луксузен изглед.

Исто така, во целиот нејзин простор можеме да забележиме изобилство од декоративни елементи кои имаат своја функција покрај естетиката, како што се рачките на вратите, високите плафони и бордури.

Во нејзиниот екстериер можеме да ги видиме совршено уредените тревници, интегрираните звучници за уживање на отворено, приватниот двор со камин, местото за скара и уште многу нешта. Тука е и системот за топење на снег во текот на ладните зимски денови. Оваа вила нуди пет спални соби и девет бањи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП