26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРаул Гонзалес го скрати списокот за ЕП во Хрватска

Раул Гонзалес го скрати списокот за ЕП во Хрватска

Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Раул Гонзалес, денеска го скрати списокот на играчи кои треба да се појават на подготовките на националниот тим за Европското првенство во Хрватска.

Шпанецот од првиот список, кој го објави на 5 декември, избриша седум имиња: Дарко Димитриевски, Марко Нелоски, Јане Цветковски, Мартин Серафимов, Марио Танкоски, Стефан Дрогришки и Мартин Манасков.

На првиот собир, со кој ќе почнат подготовките за Евро 2018, Раул Гонзалес ќе има 21 ракометар.

Список на ракометари за ЕП во Хрватска:

Голмани: Борко Ристовски, Никола Митревски, Златко Даскаловски, Мартин Томовски

Бекови: Кирил Лазаров, Филип Миркуловски, Филип Талески, Немања Прибак, Филип Лазаров, Филип Кузмановски, Аце Јоновски, Велко Марковски, Горан Крстевски, Мартин Велковски,

Крила: Дејан Манасков, Гоце Георгиевски, Гоце Ојлески, Мартин Поповски

Пикери: Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Маркоски

Селекторот првиот собир го закажа за 25.декември во 16:30 часот, во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.

Македонија на континенталното првенство во Хрватска се наоѓа во група со Германија, Словенија и Црна Гора, а натпреварите од првата групна фаза ќе ги игра во Загреб.

Според распоредот, Македонија во првото коло на 13 јануари се среќава со Словенија, на 15 јануари противник на нашиот состав ќе му биде Црна Гора, а групната фаза ја затвораме со меч против Германија на 17 јануари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП