26 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКолку работењето по работното време е опасно?

Колку работењето по работното време е опасно?

Во днешното деловно опкружување важно е да бидете достапни – па дури и кога вашето официјално работно време завршува. Во некои професии не постои работно време, тврдат работодавците, но таквиот став може сериозно да му наштети на здравјето на вработените покажаа германските истражувачи.

Имено, од 57,000 испитаници, дури половината работеле и кога ќе дојдат дома, а тоа може негативно да се одрази на нивното здравје.

Исто така истражувачите од Друштвото за деловни, индустриски, организациски и психолошки истражувања установија дека лицата кои работат ноќе, во своето приватно време, како и за викенд, во поголема мера се жалат на несоници, главоболка, замор, анксиозност, проблеми со мускулите, крвниот систем и желудникот.

„Нашето истражување сугерира дека дури и најмалата количина на дополнителна работа по договореното работно време може да доведе до здравствени проблеми. Врската е изразено силна“, вели Ана Арлингхаус, водич на студијата.

Нејзиниот тим повикува на поморално однесување на работодавците со цел да престанат да го нарушуваат приватното време на своите вработени.

„Технолошките напредувања создадоа култура „секогаш онлајн“ која врши притисок на луѓето бидејќи мораат постојано да бидат достапни. Слободното време без никаква работа е клучно за нашето тело да може да се опорави“, предупредуваат германските експерти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП