26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСоработка со Светска банка за подобрување на системот на финансирање на општините

Соработка со Светска банка за подобрување на системот на финансирање на општините

Заменик-министерот за локална самоуправа, Дејан Павлески, државниот секретар Кирил Парталов и раководители на сектори од Министерството за локална самоуправа одржаа работен состанок со претставници на Светската банка.

Тема на состанокот со претставниците на Светската банка беа владините приоритети во спроведувањето на процесот на децентрализацијата, улогата на министерствата за локална самоуправа, за финансии и другите надлежни министерства, системот на трансфери на средства од централно на локално ниво и начините за негово подобрување, потенцијалните мерки за зголемување на фискалните капацитети на единиците на локалната самоуправа и можностите за поголемо прибирање на сопствените приходи.

Заменик-министерот Дејан Павлески ја потенцира цврстата определба на новата Влада за реафирмирање на процесот на децентрализација.

„Во таа насока една од првите мерки што ги презеде Министерството за локална самоуправа е формирањето работна група со членови од соодветните министерства и ЗЕЛС, која до крајот на мај 2018 година треба да изготви длабинска анализа и да предложи соодветни модели за подобрување на системот на финансирање на единиците на локалната самоуправа“, рече Павлески, кој ја истакна подготвеноста на Министерството за соработка со Светската банка во обезбедување експертска поддршка.

На средбата и претставниците од Светската банка изразија интерес за соработка во преземањето конкретни мерки со цел создавање стабилен и одржлив систем на финансирање на единиците на локалната самоуправа и обезбедување услови за испорака на квалитетни и изедначени услуги во сите општини во Република Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП