1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропскиот стратешки инвестициски фонд ќе работи до 2020-та

Европскиот стратешки инвестициски фонд ќе работи до 2020-та

Европскиот парламент (ЕП) го одобри проширувањето и зајакнувањето на Европскиот фонд за стратешки инвестиции (EFSF), главниот столб на Планот за инвестиции за Европа (т.н. План Јункер), објави прес-службата на Европската комисија (ЕК).

Рокот на Фондот е продолжен за уште две години до 2020-та година, а инвестициската цел се зголемува од 315 милијарди евра на најмалку 500 милијарди евра.

Инвестициите треба да поттикнуваат создавањето на работни места, особено за младите, растот и конкурентноста, енергетиката, животната средина и климата, здравството, истражувањето и иновациите, одржливиот транспорт, дигиталниот сектор и креативните индустрии и економски послабите региони на Европската унија ( ЕУ).

ЕП, исто така, ќе може да номинира член на Одборот за управување со „EFSF“ за да ја подобри транспарентноста и одговорноста.

ЕК потсетува дека „EFSF“ кој се спроведува од Европската инвестициска банка, е формиран во 2015-та година за почетен период од три години со цел мобилизирање на барем 315 милијарди инвестиции во реалната економија. ЕК предложи да се продолжи периодот на времетраење до крајот на оваа повеќегодишна финансиска рамка, за да се постигне целната инвестициска рамка од 500 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП