26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПо експлозијата на гасоводот во Австрија порасна цената на гасот

По експлозијата на гасоводот во Австрија порасна цената на гасот

Цените на природниот гас скокнаа во Европа по експлозијата во терминалот за природен гас во Австрија, а цената на сировата нафта порасна над 65 американски долари за барел првпат од јуни во 2015 година.

Најголем пораст на цената на гас има во Велика Британија, која прави напори да ги надмине последиците од затворањето на мрежата на гасоводот во Северно Море.

Во експлозијата што се случи во Баумгартен едно лице загина, а 21 се повредени. Експлозијата предизвика прекин во протокот на една од главните точки каде што рускиот природен гас влегува во Европа. Покрај ова, веќе два дена во поголемиот дел на Европа вее снег, што ја зголемува побарувачката за плин.

Италија, која 30 отсто од вкупната побарувачка ја покрива со руски гас, прогласи вонредна состојба.

Нафтената фирма ОМВ АГ, која го контролира гасоводот во Баумгартен, соопшти дека ќе бидат потребни неколку дена за да го нормализира производството.

Полицијата сè уште ја истражува причината за експлозијата, но се претпоставува дека станува збор за технички дефект.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП