Белгиски бренд во Хонконг ги претстави овие дијамантски женски чизми вредни околу 2,4 милиони евра.
Најскапите женски чизми во светот се прекиери со скапоцен слој од 39.083 дијаманти со сива и розева боја, а исто така и со полирани дијаманти со боја на шампањ со вкупна тежина од 1,550 карати.
Дијамантските чизми се изработени по нарачка на Антверпенскиот светски дијамантски центар во соработка со јувелирница Diaro и познатиот диајнерски дует F.A Vandevorst.
Целиот просец на дизајнирање и шиење на чизмите и ставањето на дијамантите траел 30 работни часа, што може да се забележи по самиот квалитет на изработка и нивниот префинет и луксузен изглед.