26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСончево со мала до умерена облачност

Сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска сончево со мала до умерена облачност. Позначителна облачноста ќе биде во западните делови. На планините на северозапад ќе има услови за провејување на слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе достигне од 6 до 12 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер. Температура до 9 степени.

Од утре сончево со мала, а во западните делови со умерена до значителна облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Под влијание на јужно струење во наредните денови дневните температури ќе бидат релативно високи, а и утринските ќе бидат во пораст. Во среда облачноста ќе се зголеми, а врнежи од дожд во западните делови ќе има во текот на ноќта кон четврток и во четврток претпладне.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП