26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИYouTube во март ќе започне со нова платена музичка услуга

YouTube во март ќе започне со нова платена музичка услуга

„YouTube“ планира да претстави платена музичка услуга во март 2018-та година, пренесува „Bloomberg“, повикувајќи се на извори кои се запознаени со темата. Ова ќе биде трето искуство на матичната компанија „Alphabet Inc.“ да се израмни во оваа сфера во однос на конкурентите „Spotify“ и „Apple Inc“.

Новата услуга би помогнала да се смират раководителите на компаниите од музичката индустрија, кои бараат повеќе приходи од „YouTube“. „Warner Music Group“, еден од трите најголеми светски издавачки куќи, веќе потпишала договорот.

„YouTube“ е во преговори и со другите два големи издавачки куќи – „Sony Music Entertainment“ и „Universal Music Group“, како и со „Merlin“, конзорциум од независни издавачи, појаснуваат изворите.

Платените услуги од „Spotify“ и „Apple Music“ стимулираат обновувањето на музичкиот бизнис, кој повторно е во пораст по речиси две децении на опаѓање. И сепак големите дискографски куќи тврдат дека растот ќе биде уште значителен, ако се вклучи и „YouTube“, и покрај тоа што ја критикуваат дека не ги компензира доволно со оглед колку луѓе го користат сајтот за да слушаат музика.

Музиката е еден од најпопуларните видео жанрови на „YouTube“, кој привлекува повеќе од една милијарда месечни корисници.

„YouTube“ не успеа да го постигне истиот успех како „Apple“ или „Spotify“ во убедувањето на луѓето да се приклучат на нејзините платени музички услуги, иако се обиде да го стори тоа. Во 2011-та година, „Google“ го објави сервисот за проследување на аудио „Google Play Music“. „YouTube Music Key“ дојде во 2014-та година, давајќи им на претплатниците музички видеа без реклами. Оваа услуга се трансформира во „YouTube Red“ во 2016-та година, овозможувајќи им на корисниците да гледаат видео содржини без рекламирање.

Новата услуга наречена „Remix“, ќе вклучува сличен на „Spotify“ стриминг на барање и ќе вклучува елементи од „YouTube“, како видео клипови, велат изворите за агенцијата. „YouTube“ се поврзал со изведувачите, за да побара помош при промовирањето на новата услуга, тврди еден од изворите на „Bloomberg“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП