Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 7,888.38 1.79%    GRNT 810.00 0.03%    KMB 3,355.14 -0.04%    MKSD 246.00 2.93%    MSPR 1,000.00 -26.85%    OHB 5,000.00 -0.99%    OKTA 3,650.00 0.83%    PPIV 39,100.00 0%    REPL 60,280.00 0%    RMDEN16 95.00 0.11%    RZLV 53.00 3.92%    SBT 2,127.50 4.24%    STB 948.20 0.82%    STBP 600.00 -0.17%    STIL 140.00 1.45%    TEL 295.54 0.03%    TNB 13,724.00 1.05%    TPLF 1,700.63 0.04%    TTK 953.00 0%    UNI 2,050.00 0%    

Tip of the week: Поддршка на проект или акција

Време: 14:09

Датум: декември 7, 2017

Категорија: КОЛУМНИ

Сигурен сум дека поголемиот број од вас знаат, но за тие кои не знаат, од неодамна го лансиравме концептот за интернационализација на Прирачникот Tip of the Week“.

Поддршката на овој концепт е многу лесна работа и доколку верувате во него, треба само да одите на следниов линк и да го поддржите со минимум  1 $ до 1.200 $ или повеќе, но и да споделите со вашите пријатели.

Поттикнат од овој проект, но и од сите проекти или донации кои ми поминале пред очи, а морам да признаам дека во последно време ги има сè повеќе и повеќе, ме натера да размислам, зошто некои работи ги поддржуваме или не, но и целата енергија која ја вложуваат тие луѓе за да успее навистина нивниот проект.

Поддршката на еден проект или акција e многу лесна и сè што треба да направите е да ја извадите вашата кредитна картичка и да го поддржите или да го споделите со вашите пријатели. Но пред да го направите тоа, барем неколку работи треба да земете предвид:

  • Колку добро го знаете проектот – прочитајте малку повеќе за него, истражете се за него. Видете колку е тој е во линија со она што го работите или верувате.
  • Инволвирани – убаво истражете кој е инволвиран во имплементација на проектот. Можеби проектот и не е толку добар или не се совпаѓа со вашите начела на поддршка, но овој тим што стои позади проектот до сега нема направено промашување.
  • Финансии – што е целта на проектот, колку финансии се потребни за успешно извршување, дали се реални тие барања, дали се остварливи, дали се доволни итн итн…
  • Заштита – во денешно време има сè поголем број лажни профили и проекти кои бараат пари или каква било поддршка, па проверете колку е безбедна вашата поддршка затоа што покрај парите, потребно е понекогаш да ги оставите и личните податоци. Бидете внимателни после тоа да не се злоупотребат.
  • Поддршка – откако веќе е дефинирано дека сакате да го поддржите проектот или акцијата, следно што треба да направите е да ја дефинирате вашата поддршка:
    • Нематеријална – налага ваша поголема инволвираност во успешност на проектот (да го споделите со вашите пријатели и сите оние кои мислите дека можат да помогнат во негова успешна реализација, да бидете подготвени и да ги уверите дека треба да го поддржат, итн), па дури и ваша инволвираност во неговата имплементација.
    • Материјална – откако сте истражиле сè и сте заклучиле дека би сакале финансиски да го поддржите проектот, потребно е да се запрашате со колкав буџет располагате за поддршка на проектот. Сите проекти или акции, како и нашиот, имаат од минимум до максимална финансиска поддршка (колку што е целата финансиска потреба за имплементација на проектот).

Како што напоменав, во денешно време сè повеќе и повеќе ни пристигнуваат разно разни проекти и акции за поддршка. Вашата поддршка за нивна успешна имплементација е повеќе од добредојдена, а начините на поддршка се безбројни и кој ќе го искористите, зависи само од вас!

 

Со успех во поддржувањето,

@kalin.babusku

Член на тимот

МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг

www.macedonia-export.com

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Tip of the week: Преземање на иницијатива

    Tip of the week: Преземање на иницијатива

    Сe помалку и помалку има јунаци кои ќе преземат некаква иницијатива за да се започне некоја работа, а камоли и да се заврши. Цело време…

  • Tip of the week: Кога не иде, не иде…

    Tip of the week: Кога не иде, не иде…

    Повеќе пати сме се нашле во ситуација кога колку и да сакаме некоја работа да испадне како што треба, едноставно не ни успева во намерата.…

  • Tip of the week: Пасивна продажба

    Tip of the week: Пасивна продажба

    Како моја професионална деформација, многу често знам кога шетам по продавници, ресторани, кафулиња или други услужни места, да го набљудувам и  да го следам продажниот…

  • Tip of the week: Пред да кажеш нешто…

    Tip of the week: Пред да кажеш нешто…

    Пред некој ден налетав на една слика на која пишуваше: Пред да зборуваш, размисли… Дали е вистина?! Дали е од помош?! Дали е инспиративно?! Дали…

  • Tip of the week: Набрзинка

    Tip of the week: Набрзинка

    Ајде… Сега… Веднаш!! Нестрпливи сме! Сакаме да се случуваат работите сега и веднаш. Но, не оди тоа баш така. Да, може нешто да се случи…

  • КОЛУМНА: Среќна Нова 2018 Година – М-р Раде Чоловиќ

    КОЛУМНА: Среќна Нова 2018 Година – М-р Раде Чоловиќ

    Почитувани читатели на Денар.мк би сакал да ве известам дека завршувам еден циклус од 10-тина колумни. Се надевам дека ви беа интересни или во најмала…

  • Tip of the week: Нова година

    Tip of the week: Нова година

    Пред некоја година,  во еден весник имаше изјави од повеќе луѓе за тоа кои се нашите прогнози околу економските случувања за следната година. Меѓу другите…

  • Tip of the week: 24 часа до успехот

    Tip of the week: 24 часа до успехот

    Феноменот “последен ден” е многу интересен. Нема уште многу време! Дали ќе успеете или не, зависи до каде сте со остварувањето на целите. Еве, на…

  • КОЛУМНА: Отвори го пенџерчето, се задушивме – М-р Раде Чоловиќ

    КОЛУМНА: Отвори го пенџерчето, се задушивме – М-р Раде Чоловиќ

    Не, не го отворајте пенџерчето, прозорецот, балконската врата, не излегувајте од дома и така нема да дишете штетни ПМ честички. И проблемот е решен. Луѓе…

  • Tip of the week: Пауза!

    Tip of the week: Пауза!

    Не знам каде ми е главата!!! Нели така велиме кога сме преокупирани со активности, обврски (работни, приватни), проекти, кампањи или кога кажуваме дека „немаме време”?!…