26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија очекува раст од 8 отсто во производството на гас во 2017-та

Русија очекува раст од 8 отсто во производството на гас во 2017-та

Русија очекува раст на производството на природен гас до 690 милијарди кубни метри во 2017-та година, што е за 7,8% повеќе во однос на минатата година, соопшти заменик-министерот за енергетика Кирил Молодцов, цитиран од агенциите. Зголемениот принос е поврзан со рекордниот извоз на „Газпром“, стана јасно од неговиот коментар за време на форумот „Гас Русија“.

Според податоците на Министерството за енергија на земјата кон крајот на ноември од руските гасни полиња се извлечени речиси 599 милијарди кубни метри, што е раст од 9,2% во однос на истиот период од 2016-та година Во целата минатата година во Русија беа извлечени малку над 640 милијарди кубни метри природен гас.

Енергетската стратегија на Русија до 2035-та година предвидува раст на производството на гас помеѓу 3% и 17% годишно до 2020-та година, мотивирано со развојот на гасните пазари. Потоа ќе има значително зголемување – во рамките на 29% -39% на 821-885 милијарди кубни метри.

Документот беше одобрен во 2015-та година. Во него е запишано дека зголемениот принос ќе се покрие од новите наоѓалишта на полуостровот Јамал, Источен Сибир и Далечниот Исток, како и по крајбрежјето на земјата.

Домашната потрошувачка до 2035-та година ќе се зголеми со 17-24%, а извозот на гас – со 35-52%, покажуваат уште прогнозите на енергетските експерти на Русија. Основа за овие претпоставки се очекувањата за намалување на разликата во цените на бензинот и нафтата, како и раст на потрошувачката во Азија (8-9 пати) и до одреден степен и во Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП