26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБуџетот на Министерството за информатичко општество и администрација за 2018 година зголемен...

Буџетот на Министерството за информатичко општество и администрација за 2018 година зголемен за 3,5 пати

Вкупниот буџет на МИОА за 2018 година изнесува 1.486.050.000 денари. Буџетот на МИОА за 2018 е 3,5 пати зголемен во споредба со претходниот.

Најголемиот дел од овие пари, односно 1.190.000.000 денари ќе одат за финансирање на МРТВ, МРД и АВМУ.

“Со ова обезбедивме пред се стабилно и независно финансирање на овие три чинители од радиодифузната дејност. Ова одржливо финансирањем, конечно на МРТВ ќе и даде шанса за развој на автономна и независна уредувачка политика”, изјави Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски.

“Голем дел од нашите стратешки проекти за следната година се со поддршка на ЕУ и други пријатели на Македонија од меѓународната заедница. На тоа ние се гордееме. Но, во исто време обезбедуваме и домашен буџет со кои заедно вложуваме во овие проекти. Со делот на буџетот од развојната програма, во вредност од 146.540.000 денари, МИОА ќе инвестира во неколку капитални проекти од огромно значење за граѓаните:

1.Централен електронски регистар на население. Проект кој се финансира заедно со Европската Унија.

2.Нов Национален портал за е-услуги. Уште еден проект кој го развиваме заедно со ЕУ.

3.Инвестирање во нова и побезбедна систем сала, во која на едно место ќе се смести најголемиот дел од опремата во државна сопственост”, вели Манчевски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП