26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНЛБ групацијата двојно ја зголеми својата добивка

НЛБ групацијата двојно ја зголеми својата добивка

Во првите девет месеци од оваа година, НЛБ групацијата оствари профит од 184 милиони евра, што е за 101% повеќе во однос на истиот период лани, односно 92,5 милиони повеќе.

За овогодинешните исклучително добри деловни резултати придонесуваат сé повеќе и повеќе пазарите на Групацијата надвор од Словенија, рече Примож Карпе, претседател на Надзорниот одбор на НЛБ.

Тој додаде дека друг тренд кој е забележан е дека бизнисот со физички лица и на пазарите во Југоисточна Европа, се повеќе придонесуваат кон крајниот резултат, со кој банката дополнително ги диверзифицира ризиците и ја подобрува структурата на своето портфолио.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП