26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMazda 6 го покажа новото лице на автосаемот во ЛА (фото+видео)

Mazda 6 го покажа новото лице на автосаемот во ЛА (фото+видео)

Јапонскиот производител „Mazda“ го искористи автосаемот во Лос Анџелес, за да ја претстави обновената „Mazda 6“, која добила преработен дизајн на екстериерот и ентериерот, како и целосно нов турбомотор „Skyactiv-G 2.5T“.

Како што се и очекуваше, кардинални промени во изгледот на моделот нема, но сепак треба да биде одбележана новата решетка на ладилникот, преработените светлосни групи, различните браници и новите тркала. Сето ова го прави автомобилот поатрактивен.

„Mazda“ открива дека надградената „шестка“ имаат посилна каросерија и значително подобрена звучна изолација. За подобра акустика, важна улога игра зголемувањето на дебелината на металот во задниот дел.

Во кабината промените се повеќе. Предниот панел е редизајниран, повторувајќи го едноставниот, лаконски стил на концептниот автомобил „Mazda Vision Coupe“. Кај топ-верзиите на моделот централната километража и уште некои индикации за работата на моторот ќе се појавуваат на 7-инчен дисплеј.

Предните седишта на седанот се пошироки од досега, а информациско-забавниот систем со 8-инчен екран на допир е со голема контраст. Во опремата сега влегува и кружна камера за надзор. За создавање на ентериерот се користи скапа кожа и јапонско дрво.

Преработената „Mazda 6“ доби турбомотор „Skyactiv-G 2.5T“. Овој агрегат се користи на „CX-9“ со капацитет од 253 КС. Постојниот 2.5-литарски мотор, кој е надграден, е достапен за моделот. Тој развива 192 КС кој добил систем за исклучување на два од цилиндрите при брзина од 40-80 км/ч.

6-брзинскиот автоматски менувач исто така е обновен. Покрај тоа, механичкиот пренос ќе биде достапен и на американскиот пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП