Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 7,304.71 0%    CEVI 1,144.00 0%    GRNT 762.38 0.86%    KJUBI 1,400.00 0%    KMB 2,700.00 0.01%    OHB 4,767.86 -0.67%    RMDEN15 95.10 0.11%    RZUS 107.89 1.78%    STB 910.00 -1.09%    STIL 127.00 -2.31%    TNB 13,100.00 0%    TPLF 1,500.00 -1.69%    UNI 1,870.00 -1.03%    ZILU 151.00 -2.58%    

Интервју со Мери Каровска, сопственик на Каровска ДООЕЛ

Време: 10:56

Датум: декември 1, 2017

Категорија: ИНТЕРВЈУ

Денар: г-ѓа Каровска, која е основата дејност на  Каровска ДООЕЛ, кои услуги ги нудите?

-Каровска ДООЕЛ е Друштво за економско сметководствени услуги и даночно советување и нудиме услуги од оваа област: финансиско сметководствени услуги, консалтинг услуги, финансиски анализи, изработка на бизнис планови, натаму, по договор, вршење на услуги од областа на работни односи и останати финансиски услуги, како и регистрација на нови правни субјекти во Централниот Регистар на РМ.

Денар: Што е она што ве одвојува од големата конкуренција на пазарот? Кои се придобивките кои ги имаат компаниите кои ги користат вашите услуги?

-Конкуренцијата е голема на пазорот, но сметам дека секој има свои клиенти и работа, затоа што постојат многу правни и физички лица кои имаат потреба од финансиско сметководствени услуги. Нашите клиенти, покрај тековните договорени услуги, добиваат и услуги и грижа, како на пример- предлози и насоки за намалување на тековните трошоци, најчесто банкарските трошоци. Се фокусираме поединечно на секој клиент и неговата дејност на работење која можеби има своја различна и посебна специфика од другите компании и бара соодветна финансиска грижа, потоа, услуги и совет во делот на кредитирањето или штедењето, предлози и совети за добра и рана наплата на побарувањата кои компаниите ги побаруваат од своите купувачи.
Регистрираме нови правни субјекти без надоместок, доколку се склучи договор за понатамошна соработка во делот на финансиите и сметководството. А, коректниот и пријателски однос е секогаш присутен кај нас.

Денар: Важите за голем професионалец во вашата област. Може ли да ни дадете кратко резиме на вашата кариера?

-Јас сум дипломиран економист, и поседувам сертификат за овластен сметководител издаден од ИСОС. Моето искуство го стекнав работејќи на одговорите за  потребите на физичките и правни лица, како долгогодишен банкарски менаџер во една од водечките банки во земјава, со големо дополнително искуство како предавач во банката, а едуцирана во едукативните центри надвор од државава за тренери на NBG групацијата. Предавач на семинари сум, работилници на различни теми, со посебен акцент од областа на книговодството и банкарството. Паралелно, цели триесет години работам и сметководство на здруженија и  компании со различни дејности- градежништво, трговија, производство, туризам, угостителство, занаетчиство и многу други со различни услужни дејности.

Стекнатото знаење и искуство многу ми придонесе да напредувам во банкарското работење како менаџер на една од водечките филијали на банката, во делот на кредитирање на правните лица, гаранциите, депозитите на правни лица,  и воопшто во работењето на денарскиот и девизен платен промет. Се ова пак, од друга страна, донесе предност во поефикасното вршење на услугите кај компаниите кои имаат потреба од вакви производи и услуги кај банките и финансиските институции.

Натаму, големо искуство носам и од ИТ компанијата ИТД Дистрибуција ДОО од Скопје, каде работев како финансов директор- компанија меѓу подобрите ИТ компании во државава, а дел од  странска групација со која сега надворешно соработувам. Накратко, искуства собрани на  повеќе страни, кои меѓусебно се надополнуваат.

Денар: Кои се најчестите недоумици, грешки кои ги прават компаниите при изборот на лицето/ компанијата која ќе се грижи за еден од најважните сегменти во работата сметководството?

-Некои клиенти често се фокусираат на цената на  услугата која треба да ја добијат за идната соработка, што секако е важен дел, но подеднакво важно е и портфолиото на клиенти кои сметководственото биро ги води или соработувал, како и искуството на првиот човек во друштвото.

Денар: Кога е најдобро или идеално време за преминување од едно во друго сметководствено биро. Верувам дека оваа недоумица ја имаат голем дел од компаниите.

-Добро е преминувањето со работа кај новото сметководствено биро, да биде на крајот на тековната година, односно почетокот на наредната. Секако, ако нема услови, пресекот може да се случи во кој и да е период од годината.

Денар: Според Вас, колку е сметководителот важен за успехот на една компанија?

-Многу важен! Компаниите би имале поголем успех, работејќи на нивниот личен професионален план, ако ние сметководителите, одговорно, професионално и во рамките на Законите, прописите и правилата работиме и ги бележиме настанатите ситуации од нивното работење.

Денар: Во неколку наврати се најавуваат измени во Законот за сметководствени работи, како стручно лице во оваа област, како ги оценувате предложените промени?

-Да, постојат предлог новини во Законот за вршење на сметководствени работи, а ги двојам како значајни, намалувањето на бројот на часови за КПУ (континуирано професионално усовршување) обуките, давање можност за замена на уверенија од МФ за уверенија од ИСОС и упис на лицата незапишани во Регистарот на сметководители и овластени сметководители. Овие предложени промени се коректни и во интерес и задоволство за добро работење на сите сметководители и овластени сметководители.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Интервју со Предраг Милошевски, член на управниот одбор на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје

    Интервју со Предраг Милошевски, член на управниот одбор на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје

    Помладите со мал износ можат да заштедат значајна сума за нивните пензионерски денови “Финансиската култура и планирањето на финансиите на нашите граѓани сѐ уште не…

  • Интервју со Соња Шмуц, генерален менаџер на Словенечката стопанска и индустриска комора

    Интервју со Соња Шмуц, генерален менаџер на Словенечката стопанска и индустриска комора

    “Единствените граници со кои треба да се справиме се оние во нашиот ум!” Денар:Ве молиме кажете ни нешто за себе и за почетоците на вашата…

  • Интервју со Радмила Чобанова Василевска, Директор за контрола на квалитет во Битолска Млекара

    Интервју со Радмила Чобанова Василевска, Директор за контрола на квалитет во Битолска Млекара

    Денар: Поводот за ова интервју е Меѓународниот ден на квалитет, кој секоја година се одбележува во месец ноември. Во оваа насока, што сѐ презема Битолска…

  • Интервју со г. Мурат Јуксел, кантри маркетинг директор на Рамсторе Македонија

    Интервју со г. Мурат Јуксел, кантри маркетинг директор на Рамсторе Македонија

    Секогаш се трудиме да ги надминеме потребите и очекувањата на нашите потрошувачи! Денар: Зошто Рамсторе е прв избор на потрошувачите? За време на нашето дванаесетгодишно…

  • Интервју со Димитар Богов – гувернер на Народната банка на Република Македонија

    Интервју со Димитар Богов – гувернер на Народната банка на Република Македонија

    Денар: Како ја оценувате макроекономската состојба во Македонија? Макроекономската состојба во Македонија во првата половина на 2017-та година во голема мера беше под влијание на политичката…

  • Интервју со Коста Костадиновски, извршен директор на Илирика

    Интервју со Коста Костадиновски, извршен директор на Илирика

    Илирика како врвна финансиска институција нуди високо ниво на инвестициски услуги кои покрај разните предизвици секогаш е доследна во своите стратегии кои резултираат со долгорочни…

  • Интервју со Олга Дервенџи – Менаџер за лизинг на Skopje City Mall

    Интервју со Олга Дервенџи – Менаџер за лизинг на Skopje City Mall

    Денар: Skopje City Mall е нашиот најголем трговски центар, чија работа и функционирање мора постојано да ја следите. Како се справувате со оваа задача, односно…

  • Интервју со Дарко Панчевски – претставник од маркетинг секторот на Skopje City Mall

    Интервју со Дарко Панчевски – претставник од маркетинг секторот на Skopje City Mall

    Денар: Овој месец Skopje City Mall слави 5 години постоење и за овие неколку години успеа да се позиционира како лидер на пазарот. Што е…

  • Интервју со Валентина Николовска – менаџер за комерцијализација на Skopje City Mall

    Интервју со Валентина Николовска – менаџер за комерцијализација на Skopje City Mall

    Задоволните и лојални клиенти се нашиот најголем успех и сатисфакција Skopje City Mall е првиот современ трговски центар во Македонија кој утре слави 5 години…

  • Интервју со Тома Аргир – техничкиот и оперативен директор на Skopje City Mall

    Интервју со Тома Аргир – техничкиот и оперативен директор на Skopje City Mall

    Денар: Сите добро го познаваме Skopje City Mall однадвор, но ретко кој ги знае техничките работи потребни за функционирањето на еден трговски центар. Што всушност…