26 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕВила на обала на езеро со панорамски поглед (фото)

Вила на обала на езеро со панорамски поглед (фото)

Со невројатна цена од 17,5 милиони швајцарски франци, имотот кој го гледате пред себе бара свој нов сопственик…

Сместена во живорописниот Моркоте регион на Швајцарија, оваа вила на своите нови сопственици ќе им даде приликa да уживаат во ексклузивноста и приватноста, благодарение на својата врвна панорамска позиција над езерото Лугано. Имотот се состои од главна куќа, анекс со спа центар, зaтворен базен, сауна, џакузи и теретана, базен на отворено, големи гаражи и паркинг, како и прекрасни градини. Изграден е пред седум години, а главната вила има две нивоа кои се простираат на површина од 1.000 квадратни метри.

Па, што добивате за таа неверојатна цена? Покрај претходно споменатите погодности, овој луксузен дом има и гломазна веранда и и две панорамски ложи, како и музичка соба, дневна соба со камин, трпезарија со своја панорамска ложа, во целост опремена кујна, библиотека со камин, трпезарија, тв соба, студио и стан за гости со отворен влез.

Одморот и релаксацијата овде лесно се достигнуваат благодарение на прекрасниот спа одел, големата фитнес соба со вирпул базен која има и сауна. Отворениот простор и магичнот поглед на езерото секако придонесуваат за уникатната луксузна атмосфера, со високо квалитетните материјали и завршните детали кои го сочинуваат ова ремек дело на архитектурата. Значи, дали сакате да се преселите во Швајцарија?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП