26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСЗО: Поради фалсификувани лекови починале десетици илјади деца

СЗО: Поради фалсификувани лекови починале десетици илјади деца

Светската здравствена организација објави дека околу 11 проценти од лековите во земјите во развој биле фалсификувани и дека веројатно биле причина за смртта на десетици илјади деца од болести како маларија и пневмонија.

Ова е прв обид на СЗО да го разгледа овој проблем, објавува АП.

Научниците испитувале 100 студии на повеќе од 48.000 лекови. Речиси 65 отсто од фалсификуваните лекови биле за третман на маларија и бактериски инфекции.

Научниците, кои биле ангажирани од СЗО од Универзитетот во Единбург, проценуваат дека помеѓу 72.000 и 169.000 деца поради лажни лекови починале од пневмонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП