26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИApple планира нов „опасен“ смартфон и скок на 5G мрежата

Apple планира нов „опасен“ смартфон и скок на 5G мрежата

Познатиот американски производител наскоро ќе произведе уред кој ќе работи исклучиво на архитектурата на производителот на процесори „Intel“.

Откако го раскина долгото пратнерство со компанијата „Qualcomm“, „Apple“ полека започна да се насочува кон соработката со „Intel“, па започна се почесто да вградува нивни чипови.

Само за потсетување, првите телефони кои ги користат чиповите на „Intel“ се „iPhone 7“ и „iPhone 7 Plus“, а според гласините кои се шират во индустријата на смартфони, „Apple“ наскоро би можел да потпише ексклузивен договор со „Intel“, бизнис можност која на производителот на „iPhone“ сигурно ќе му одговара.

Нормално, како и пред секои официјални информации, тука се и многуте „инсајдерски прогнози“ кои сите со нетрпение ги очекуваме, а според нив производителот на „iPhone“ и „iPad“ наскоро планира да премине на „5G“ мрежата, и тоа во тандем со самиот „Intel“.

Како што стојат работите, чиповите за „5G“ мрежата на „Qualcomm“ се подобри од оние на „Intel“, на што од „Intel“ планираат посериозно да поработат. Нови, брзи, моќни и напредни чипови ќе станат основа на новите „Apple“ уреди, но пред крајот на оваа деценија.

„Apple“ како и секогаш, на овие најави одговори со молчење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП