19 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕтериумот забележа рекорден раст

Етериумот забележа рекорден раст

Етер – виртуелната валута на блокчејн технологијата Етериум, постојано се зголемува.

Најголемиот конкурент на биткоинот постигна цена максимум од 425.55 долари за време на трговијата во четвртокот, покажуваат податоците на „CoinMarketCap“.

Така, етер успеа да го скрши својот претходен рекорд од 414.76, кој беше забележан во јуни оваа година.

Виртуелната валута поскапе со над 5.000% од почетокот на годината, а втората најголема по биткоинот сега има пазарна капитализација која поминува 40 милијарди долари.

Новиот рекорд доаѓа откако милијардерот Мајк Новограц посочи дека етерот ќе чини 500 долари до крајот на годината, а биткоинот – 10.000 долари.

Според зборовите на Новограц, инвеститорите масовно ги преферираат биткоинот и етерот, бидејќи тие се најсигурните и докажани криптовалути и кријат најмал ризик, особено по падот на довербата во финансискиот свет, предизвикан од финансиската криза, која започна во 2008-ма година.

Ова е уште еден пример дека големите финансиски „ајкули“ почнуваат да влијаат врз инвеститорите, со што се одредува насоката на пазарот. „Голдман Сакс“ пред неколку недели предвиде дека биткониот ќе достигне 8.000 долари, по што ќе следи консолидација.

По веста за прогнозата, биткоинот всушност достигна цена од 8.000 долари и оттогаш се пресели на тоа ниво. Сега ситуацијата со етерот е иста – големата финансиска „ајкула“ предвидува одредена рамка на цени и пазарот е брз во него.

Можеби сето ова значи дека големите финансиски институции веќе бараат смело за влез во криптовалути. „Голдман Сакс“ ја подготвува својата брокерска единица за инвестирање во виртуелни валути, а Новограц планира да создаде фонд од 500 милиони долари за вложување во светот на виртуелни средства.

Наспроти ова, „Биткоин Кеш“, виртуелната валута, клонот на битконот, исто така, постигна значителен пораст и достигна 1.789,05 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП