26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританија надвор од групата на петте водечки глобални економии

Британија надвор од групата на петте водечки глобални економии

Британскиот министер за финансии, Филип Хамонд призна дека Велика Британија повеќе не е меѓу петте водечки глобални економии, претставувајќи го во парламентот извештајот за мрачниот буџет, пренесува „Раша тудеј“.

„Британија е шеста најголема економија во светот“ истакна Хамонд за време на неговото обраќање во парламентот.

Последните бројки објавени од ММФ, откриваат дека Франција ја надминува Британија во годишното рангирање на глобалните економии.

Рејтингот се базира на прогнозите за БДП, а како што соопшти ММФ Франција за прв пат од 2013 година ја надминала Британија.

САД, Кина и Јапонија се рангирани на првите три места според рејтингот на ММФ за 2017 година, со Германија и Франција на четвртата и петтата позиција. Индија ја следи Британија, која сега е број шест. Велика Британија може да падне подолу, бидејќи Индија се очекува да биде на врвот и да ги надмине и Велика Британија и Франција во 2019 година.

Намалувањето на Велика Британија, наводно, беше предизвикано од забавување на трошоците на потрошувачката, зголемувањето на цените и драстично послабата национална валута, што ја следеше одлуката на земјата да се повлече од Европската унија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП