26 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАГрадската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп доби донација на книги

Градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп доби донација на книги

Прилепчанката Живка Ѓорѓиоска денеска донираше книги од својата домашна бибилиотека, на градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп.

Иако не сака овој чин на донација на вредна литература да се експонира во јавноста, сепак вели дека се работи за книги коишто ги купувале со својот сопруг со љубов.

Овој не е првпат семејството Ѓорѓиоски, своите книги да ги подарува на некоја јавна институција, со цел оваа литература да биде што подостапна на сите љубители на пишаниот збор.

„Примерот на Ѓорѓиоска нека биде поттик за сите оние граѓани, коишто имаат намера да ја редуцираат богата домашна бибилиотека, така што книгите ќе ги подарат на некоја јавна институција“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП