26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Скопје не се дише

Во Скопје не се дише

Синоќа во Скопје загадувањето беше на многу високо ниво. Мерните станици покажуваат дека концентрација на ПМ 10 честичките во текот на ноќта биле високо над дозволеното.

Во Лисиче во 23 часот биле измерени 405 микрограми на метар кубен што е осум пати повисоко загадување од дозволеното.

Во Карпош најзагаден воздухот бил од 18 часот до седум часот утрово, при што од 20 до 22 часот се забележани највисоките концентрации на оваа мерна станица кои се движат над 200 микрограми.

Во Центар од 20 часот синоќа до пет часот утрово концентрациите се над 100 микрограми.

Кај Ректорат концентрациите на ПМ10 честичките од осум часот до 14 се движеле околу максимално дозволената граница од 50 микрограми на метар кубен

Воздухот бил загаден и во Битола со регистрирани концентрации од 325 микрограми на метар кубен, Тетово со 375 микрограми, Кавадарци со 416 микрограми.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП