27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФЕД сигнализираше за зголемување на каматните стапки во декември

ФЕД сигнализираше за зголемување на каматните стапки во декември

Американските федерални резерви се подготвува да ја укинат основната камата во САД во декември и покрај се уште постоечката дебата за тоа меѓу редовите на централните банкари, станува јасно од објавената стенографија од спроведената седница претходно во овој месец, пренесува „Bloomberg“.

„Многу учесници сметаат дека новото зголемување на целниот опсег за каматната стапка веројатно ќе биде оправдано во блиска иднина, ако влезната информации за среднорочната перспектива како целина остане непроменета“, станува јасно од записникот за седницата, спроведена на 31-ви октомври и 1-ви ноември.

Централните банкари не ја менуваа каматната стапка на овој состанок, но се очекува да ја зголемат каматната стапка следниот месец, додека ФЕД продолжува да ја заострува монетарната политика. Невработеноста во САД е на ниво од 16 години, иако инфлацијата останува далеку под целта од 2%. Протоколот покажува дека додека голем број банкари од ФЕД остануваат уверени за пазарот на труд и економскиот раст, кој е над просечните нивоа, неколку од нив бараат посилни знаци дека зголемувањето на цените ќе се засили. Некои дури сакаат да го видат зголемувањето на инфлацијата пред повторно да ги зголемат каматните стапки, истакнувајќи ја се уште отворената поделба меѓу членовите на Федералниот комитет за отворениот пазар (FOMC), за утврдување на каматната политика.

Централните банкари планираат заголемување на три каматни стапки во 2018-та година, но оваа можност може да биде доведена во прашање ако економските податоци не успеат да ги исполнат очекувањата на ФЕД. Аналитичарите внимателно ќе го следат секој сигнал што претставниците на Централната банка ќе го пријават кога ќе ги достават своите економски прогнози на нивниот состанок на 12-ти и 13-ти декември.

„Колку сме далеку од крајот? Тоа навистина е прашањето без одговор на овој пазар“, вели за „Bloomberg“ Генадиј Голдберг, стратег од „TD Securities“ во Њујорк, пред објавувањето на записникот. „Се што може да го промени статусот кво во 2018-та година, е интересно“.

Инфлацијата достигна просек од 1,6% досега во оваа година, ако не се пресметуваат цените на храната и горивата, а во септември достигна едвај 1,3%, што е многу пониско ниво од целта на ФЕД. Многу од учесниците на состанокот забележуваат дека ниската инфлација „може да се одразува не само на минливи фактори, но и на влијанието на настани кои можат да се покажат како потрајни“. Од друга страна, неколку централни банкари тврдат дека може да има „растечки ризици“ за инфлацијата, бидејќи пазарот на труд продолжува да се заострува.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП