26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИOва е најголемата авиокомпанија во светот, но не превезува патници

Oва е најголемата авиокомпанија во светот, но не превезува патници

Карго авионот често предизвикува задоцнета реакција – еј, нема прозорци. Толку сме навикнати да ги гледаме патничките авиони на патеката на аеродромите, па кога елегантен, цилиндричен поштенски авион помине покрај нас, ова е малку шокантно.

Но, овие авиони без прозори се клучни во индустрија вредна милијарди долари. Во оваа индустрија „FedEx Express“ е еден од главните играчи, поради тоа што превезува товар од околу 15,7 милијарди тони годишно и поминува милијарди километри или над два пати повеќе од некои од своите конкуренти, пишува „Daily Telegraph“.

Зад овие масивни глобални операции се кријат уште фантастични броеви. Трговската поделба на „FedEx“ има огромна флота од 691 авион – двапати повеќе од „Ryanair“, најголемата авиокомпанија во Европа.

Со база на аеродромот „Memphis International“, компанијата опслужува над 375 дестинации („Turkish Airlines“ е патничката авиокомпанија со летови до многу земји во светот, обслужува само 302 дестинации).

„FedEx Express“ пренесува околу 5,5 милиони пакети секој ден. Тоа е како целата популација на Финска да испрати некаде во рок од 24 часа.

Гигантот во товарните летови, создаден во 1971-ва година, користи повеќе меѓународни хабови во прилог на Мемфис, а европските бази ги вклучуваат аеродромот „Шарл де Гол“ во Париз, „Малпенза“ во Милано и Келн-Бон.

Какви се авионите на компанијата?

Исто како патнички авиони, но тие немаат седишта. Често единствените луѓе во авионот се пилотите и можеби авионскиот инженер.

„FedEx“ започна да отстранува од употреба некои од старите машини, така што го замени „Boeing 727“ со најефикасниот кај потрошувачката „757“, а „MD-11“ го отстапи местото на „777“ за долги летови.

И покрај новите дополнувања, вкупната флота на „FedEx“ е 22 години стара, според „AirFleets.net“. За споредба, авионите на „EasyJet“ се на средна возраст од шест години.

Товарната авиокомпанија има 110 авиони „757“ средовечни од 25 години, седум „Airbus A310“ на просечна возраст од 30 години и 38 „McDonnell Douglas DC-10“ средовечни 39,6 години.

Многу товарни авиони се патнички кои се прилагодени за носење товар. Некои од нив имаат повеќе издржливи врати, така што екипажот нема да биде смачкан од товарот во случај на несреќа.

Најголемиот авион на „FedEx“ е „777“, кој може да носи 102 метрички тони товар. Авиокомпанијата известува дека овие авиони служат шест директни рути, вклучително и од Мемфис до Дубаи-Делхи-Париз и назад во Мемфис.

Како е тоа да леташ во карго авион?

Патрик Смит, пилот и автор на книгата „Доверливо од кокпитот“, вели дека товарните авиони ги нудат некои од најдобрите плати во индустријата и се подобро заштитени од падови на економијата, што значи безбедност на работните места на вработените.

Ова, сепак, оди во комбинација со нивниот сопствен вид на стрес.

„Пилотите можат да го намалат ризикот да бидат отпуштени, а станат дел од најдоходовната, но не толку гламурозна средина на товарните летови“, пишува Смит. „Нема да потпишувате автограми за мали деца, но отпуштањата не се честа појава во товарниот бизнис“, пишува писателот.

Дали е полесно кога нема патници?

Несомнено има некои позитивни, на пример нема шанси летот да биде пренасочен поради излезената од контрола моминска забава. Но управувањето со товарот, исто така, нуди и други проблеми.

Целиот бизнис на „FedEx“ е базиран на брза и сигурна испорака. Авиокомпанијата вели дека може да достигне насекаде во Северна Америка наредниот ден и насекаде во светот не повеќе од четири дена.

Потоа доаѓа природата на товарот – од живи животни до опасни хемикалии. Да не зборуваме за монотонијата – нема повици до патниците да ве забавуваат. Само ти, твојот втор пилот и товарот.

А странските товарни авиони?

Заедно со „747“ и „777“, постојат некои авиони кои никогаш не биле наменети за патници, нивната цел отсекогаш била да носат товар. Таков авион е „Airbus Beluga“.

Само пет авиони од овој „Супер носач“ се изградени, но нивните цели се движат од снабдување со хемикалии до транспорт на огромното слика на Делакроа од деветнаесеттиот век.

Во 2004-та година „Airbus Beluga“ се користеше за испорака на хуманитарна помош за регионот на Индискиот Океан по цунамито.

„Airbus“ сега го развива „Beluga XL“, кој треба да го замени својот постар брат до 2020-та година. Реакцијата на „Beluga“ од страна на „Boeing“ е „Dreamlifter“. Воведен во 2007-ма година, четирите авиони во служба се адаптирани „747“.

Претседателот на Комерцијални авиони на „Boeing“, Скот Карсон, еднаш се извини на дизајнерот на „747“, Џо Каттер, велејќи дека жали што направил во неговиот авион.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП