26 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако во само неколку чекори да се поврзете со луѓето

Како во само неколку чекори да се поврзете со луѓето

Бизнисот може да биде тежок и напорен, но не значи дека секогаш мора да биде така. Со воспоставувањето и одржувањето на контакт со луѓето, можете да си ја олесните работата и да стекнете нови можности. Давид Спенсер, автор на книги за бизнис, ве советува како во само три чекори да изградите ваша бизнис мрежа…

Подобрете ги врските со веќе познатите луѓе и проширувајте ги понатака

Потребно е да им верувате на луѓето, довербата е клучна не само во приватниот, туку и во деловниот живот. На почетокот вашите лични врски ќе гарантираат за вас, но подоцна кредибилитетот од вашето име ќе се прошири на вашата компанија или производ.

За да изградите ваша мрежа на контакти започнете со мали чекори како што е на пример делењето на визит картички. Не заборавајте редовно да ги собирате и вие овие картички.

Погледнете како вашите поранешни соученици од средното училиште или факултетот контактираат и имаат мрежа на контакти. Стапете во контакт со нив. Одете на семинари и таму стекнете се со нови контакти. Волонтирајте и на тој начин запознајте некој. Сега кога сте го прошириле бројот на луѓе околу себе, ќе станете магнет за другите кои сакаат да бидет дел од вашето опкружување.

Слободно делете информации или барајте совети

Кога давате или барате совет другите полесно ќе ве запомнат. Ќе ве ценат затоа што влијаете на напредокот на другите луѓе, а вие ќе станете човек од доверба. Исто така, станете активни и на социјалните мрежи и тука проширете ги вашите контакти. Трудете се да бидете што повеќе во интеракција со луѓето од бизнисот.

Покажете заинтересираност

Ако некого сте го посоветувале за нешто не заборавајте да прашате како поминала таа ситуација. Тоа е заинтересираност. На тој начин се продлабочуваат врските. Бидете проактивни во комуникацијата. Ние живееме во свет во кој информациите и контактите се есенцијални во животот.

И не заборавајте – вмрежувањето со луѓето е континуирана работа од 365 дена во годината и не може да ја постигнете преку ноќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП