26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот од Андроид изнесува 5 милијарди долари

Профитот од Андроид изнесува 5 милијарди долари

Google Android

Профитот од продажбата на паметни телефони кои ја користат платформата Андроид достигна пет милијарди долари во текот на првиот квартал од оваа година, а доминантно место во продажбата имаше Самсунг чиј удел во тој профит изнесува 95 проценти.

Според извештајот на порталот „Strategy Analytics“ светската индустрија на паметни телефони кои користат Андроид генерирала 5.3 милијарди долари профит во првите три месеци од 2013-та година.

Андроид платформата имала удел од 43 проценти во профитот во индустријата на паметни телефони, кој изнесувал околу 12.5 милијарди долари во првиот квартал.

Исто така се наведува дека уредите на Самсунг со Андроид платформата заработиле 5.1 милијарди долари и со тоа го задржале уделот од 95 проценти во профитот во целата индустрија.

Второто место го зазема „LG“ со три проценти удел во глобалниот профит.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП