26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGE крати, подготвува голема реорганизација

GE крати, подготвува голема реорганизација

Индустрискиот конгломерат „General Electric“ ја преполови дивидендата, во склоп на реорганизацијата на работењето која ќе ја спроведе новиот генерален директор Џон Фланери.

Од компаниајта е соопштено дека дивидендата ќе биде намалена на 12 центи по акција од 24 центи започнувајќи од декемри, што е трет пат во 125-годишната историја на компанијата да ја намалува дивидендата, потсетува агенцијата Ројтерс.

Најновиот потег ќе донесе годишна заштеда од четири милијарди долари во готовина и би требало да, според зборовите на директорите, и овозможи на компанијата да стане посилна.

Фланери, кој во август стапи на чело на компанијата, изјави минатиот месец, по претставувањето на разочарувачките деловни резултати за третиот квартал, дека GE ќе продава активи вредни 20 милијарди долари во наредните две до три години.

Акциите на GE денес скокнаа за 2,2 проценти на 20,94 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП