26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКрај за Citroen C4, новата генерација дури во 2020-та.

Крај за Citroen C4, новата генерација дури во 2020-та.

Францускиот производител палнира да стави крај на производството на актуелниот комапктен хечбек „C4“, иако наследникот на овој модел се уште не е подготвен.

Како што стојат работите, следниот „Citroen C4“ нема да се појави пред 2020-та, или дури 2021-ва година, а актуелната верзија која се произведува веќе седум години, наскоро ќе замине во пензија. Тоа значи дека „Citroen“ 2 до 3 години ќе биде без вистински претставник во компактната класа на европскиот пазар.

Францускиот производител планира создадената празнина во својата гама привремено да ја пополни со редизајнираниот „Citroen C4 Cactus“, кој неодамна беше претставен пред јавноста.

Затоа овој кросовер при редизајнот е технолошки унапреден, особено кога станува збор за системот за суспензија кој доби дополнителни хидраулични елементи кои ќе го подобрат комфорот при возењето.

„Актуелниот „C4“ има седум години стар дизајн, па така моравме нешто да превземе. Одлучивме да го стопираме производството на овој модел, па „C4 Cactus“ привремено ќе го заземе неговото место“, изјави за „Autocar“, Хавиер Пежо, кој во „Citroen“ е задолжен за планирање на идните модели.

Покрај новата суспензија, „C4 Cactus“ при редизајно доби и 80% нови панели на каросериајта, хромирани украсни елементи на предниот дел, а купувачите на располагање ќе им бидат изборни, значително поудобни седишта – сето тоа со цел да се задоволат клиентите кои, според замислата на челниците на „Citroen“, би требало во наредниот период наместо „C4“ да го купуваат „C4 Cactus“.

Редизајнираниот „C4 Cactus“ во продажните салони ширум Европа ќе пристигне во почетокот на 2018-та, до кога би требало да бидат продадени преостанатите примероци на „Citroen C4“ кои се наоѓаат на лагер на продавачите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП