26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Германија едвај составуваат крај со крај, во Бугарија им е рај

Во Германија едвај составуваат крај со крај, во Бугарија им е рај

Бугарскиот дневен весник „Труд“ наведува дека германските пензионери се повеќе ги потиснуваат Британците кога станува збор за купувањето на недвижнини во Бугарија, пренесува БТА.

Се наведува дека Бругарија е финансиски рај за повозрасните Германци, кои дома едвај би составиле крај со крај со 958 евра, колку што е просечната пензија за 15,9 проценти од речиси 21 милион пензионери, колку што вкупно ги има во Германија.

Германската телевизија РТЛ наведува дека пензионерите со тие пари можат богато да живеат во Бугарија, бидејќи во таа земја цените на храната се двојно пониски отколку во Германија, а недвижнините се уште поевтини.

Се наведува дека за разликата од бројните Руси кои купуваат викендици во Бугарија за да заработат со нивното издавање, Германците повеќе сакаат цела година да живеат тука, бидејќи не ги интересира ниту холтикултурата, ниту туризмот, туку само сакаат да ги трошат своите пензии и да уживаат во животот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП