26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВремето денес сончево и топло

Времето денес сончево и топло

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер од јужен правец.

Дневната температура ќе се движи од 23 до 28 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност претпладне. Температурата ќе достигне 26 степени.

До недела ќе се задржи стабилното, суво и топло време со натпросечни дневни температури.

Под влијание на влажен бран од понеделник ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, на места пообилни. Дневната температура значително ќе се намали, особено во вторник кога ќе дува и засилен северен ветер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП