27 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕГламурозен канадски имот (фото)

Гламурозен канадски имот (фото)

Овој имот и на прв поглед делува вредно за својата цена од 5,4 милиони долари, зарем не?

Сместен во Монтреал, во најпрестижниот дел од градот, овој имот има волшебен современ дизајн, како и прекрасно уредени природни паркови, сместени во близина на имотот. Со шест прекрасни спални соби и четири бањи, овој имот има околу 1.720 квадратни метри, што е повеќе од доволно за безгрижна детска игра или креирање на гламурозна градина за собири.

Овој неверојатен имот има и свој одбојкарски, тениски и кошаркарски терен, а тука е и малиот фудбалски терен, покрај спа центарот, базенот, кујната на отворено и сите детали кои секој собир ќе го направат идеален.

Ентериерот никако не смее да биде запоставен, бидејќи содржи теретана, приватно кино, билјард маса и игротека. Тука е сместен и винскиот подрум на две нивоа и гламурозниот водопад. Уживајте во фотографиите….

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП