26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДелови од Центар, Карпош и Ѓорче Петров денес без струја

Делови од Центар, Карпош и Ѓорче Петров денес без струја

Без струја денеска ќе бидат дел од корисниците од општините Карпош, Центар, Ѓорче Петров и Студеничани, информираат од РЦУК Скопје.

Во периодот од 9 до 13 часот без струја ќе бидат корисниците од булеварот Илинден кај ресторанот „Имес“ во општина Карпош, од 8:30 до 10 часот дел од корисниците од улицата Црвена Вода во општина Центар, од 12:30 до 15 часот, корисниците од улицата Крсто Раковски, Лука Геров и Црногорска од бр.2 до бр.18, а во периодот од 10 до 14:30 часот, корисниците од улицата Андон Кацкаров и дел од улица Моцартова во општина Ѓорче Петров. Од РЦУК Скопје додаваат дека од девет до 12 часот без струја ќе бидат корисниците од село Батинци во општина Студеничани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП