26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПриходите во САД ќе скокнат за 4.000, можно е и за 9.000...

Приходите во САД ќе скокнат за 4.000, можно е и за 9.000 долари

Со намалувањето на корпоративните даночни стапки, просечните приходи на секое американско домаќинство ќе скокнат за барем 4.000 долари годишно.

Меѓутоа, можно е и зголемување од 9.000 долари годишно, соопшти администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

Бенефитите од намалувањето на корпоративната даночна стапка од 35 на 20 проценти, домаќинствата ќе започнат да ги чувстваат четири години од почетокот на спроведувањето на новиот даночен план, за „полн ефект“ да почувстваат после седум години, се наведува во извештајот на главниот економист на Белата куќа Кевин Хасет.

Значајно пониската даночна стапка би ги поттикнала инвестициите на компаниите, што, како што се наведува во извештајот, би довело до зголемено вработување и продуктивност на работниците.

Просечните приходи на домаќинствата во САД минатата година изнесуваа 83,143 долари.

Критичарите, сепак, тврдат дека Белата куќа претерува кога говори за бенефитите од даночните реформи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП