26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМиркуловски ја продолжи соработката со Вецлар

Миркуловски ја продолжи соработката со Вецлар

Германскиот бундеслигаш ХСГ Вецлар реши да ја продолжи соработката со поранешниот македонски репрезентативец Филип Миркуловски до 30 јуни 2019 година. 34-годишниот Миркуловски стигна во Вецлар од Хановер во јули 2015 година и ќе игра и четврта сезона во тимот.

„Филип е вистински лидер, пример за другите и човек со одличен карактер. Тој има фантастична репутација меѓу своите колеги и со неговото искуство носи важна лидерска улога во тимот. Среќен сум што тој ќе го носи нашиот зелено-бел дрес уште една сезона“, изјави тренерот на Вецлар, Каи Вандшнајдер.

Миркуловски вели дека одлуката не била тешка.

„Моето семејство и јас добро сме примени во Вецлар, а нашиот тим е вистинска заедница и голем колектив, што е главна улога за добрите резултати. Фановите се фантастични и секогаш е прекрасно да се игра во арената ’Ритал’. Забавно е да се биде дел од ХСГ Вецлар“, изјави Миркуловски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП