26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСледната година доаѓа T-Cross на Vokswagen

Следната година доаѓа T-Cross на Vokswagen

Во 2018-та година, палетата на кросовери на „Volkswagen“ ќе биде збогатена со најновиот „T-Cross“, кој ќе биде поставен под „T-Roc“.

Платформата „MQB“, која веќе е успешно применета на новата генерација на „Polo“ и кросоверот „SEAT Arona“, се користеше за создавање на новиот суб-компактен модел. Според „Auto Express“, меѓуоскиното растојание на „T-Cross“ ќе изнесува 2560 мм.

Се претпоставува дека главните мотори за „T-Cross“ ќе бидат 1.0-литарски 3-цилиндрични бензински и дизел мотори, а корисниците ќе можат да избираат помеѓу механички пренос и пренос со две спојки. Пазарот на кој ќе се појави „T-Cross“ е исклучително конкурентен, со успешни модели, како „Nissan Juke“ и „Peugeot 2008“ кои се присутни таму.

Во моментов, најмалиот кросовер на „VW“ е „T-Roc“, кој премиерно беше прикажан на саемот во Франкфурт и е изграден на модуларната „MQB“ платформа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП