26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСакате банани? Само една банана секој ден може да ви го спаси...

Сакате банани? Само една банана секој ден може да ви го спаси животот

Само една банана или авокадо секој ден можат да спречат срцев и мозочен удар, покажаа новите истражувања.

Храната богата со калиум може да ги запре смртоносните блокади така што спречува стврднување на артериите.

Претходни истражувања покажаа дека стврднувањето на артериите и нивната крутост може да го зголеми ризикот од срцев или мозочен удар.

Истражувачите веруваат дека калиумот ги регулира гените кои ја одржуваат флексибилноста на артериите.

Авторот на студијата докторот Пол Сандерс од Универзитетот Алабама во Бирмингем наведува дека резултатите од истражувањето ни покажуваат значително влијание на калиумот на превенцијата на васкуларни заболувања.

Истражувачите анализирале глувци со висок ризик од срцево заболување откако внесувале голема количина на масти.

Глувците потоа се хранети со високи, нормални и ниски нивоа на калиум. Истражувањата покажале дека артериите кај глувците кои внесувале ниско ниво на калиум станале значително проблематични.

Од друга страна, кај глувците кои биле изложени на поголем внес на калиум поретко доаѓало до стврднување на артериите.

Глувците кои биле хранети со големи количини на калиум исто така имале помала крутост на крвните садови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП