26 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАOние кои најмалку размислуваат се најсреќни на работа

Oние кои најмалку размислуваат се најсреќни на работа

Истражувањето кое го направија професорите и истражувачите на Ирвин Универзитетот во Калифорнија покажа дека најсреќни на работа се работниците кои ги обавуваат своите работни задачи за кои не е потребно премногу размислување.

„Работата која не бара психичка вклученост овозможува чувство на исполнетост и задоволство без многу стрес и фрустрации“, објави водичот на истражувањето Глориа Марк.

Инаку, истражувањето е спроведено врз вработените во Мајкрософт, кои ги исполнувале задачите за примање и сервисирање на различни податоци во текот на целиот ден.

Истражувањето, исто така, покажало дека службениците во моментот на извршување на деловните задачи кои барале големо внимание и концентрација се чувствувале помалку среќни отколку кога од нив се барало да извршуваат задачи за кои не е потребно големо размислување.

„Концентрацијата доведува до еден вид на стрес, а луѓето генерално се посреќни кога не се под стрес. Од друга страна, работата која не бара голем напор овозможува чувство на задоволство поради исполнување на работните обврски“, се наведува во заклучокот на истражувањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП